Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме да не контактирате на телефонскиот број 071/337-790 или да ни испратите е-маил на online@obucametro.mk. Неопходно е да го имате бројот на фактурата/испратница и да ни го кажете кодот на производот и големината која Ви одговара.

Потоа се врши физичка проверка во кој малопродажен објект е достапна бараната големина, односно бараниот производ по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена на потребната големина, односно замена на производот за друг.

Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета и фактура.

По прием на производот, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок. Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите замена во малопродажните објекти на нарачаниот производ. Нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен.

РОК ЗА ЗАМЕНА

Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Потоа, рокот за замена на големина на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.

Трошоци за достава

Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

НАПОМЕНА:
Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за замена на поголем производ и замена на производот со друг.